непризнат (прид.)
Непризнат поет, вели и намигнува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ја сказал, ја сказал, вели непризнатиот поет што намигнува и трчаме сите заедно кон задниот влез од театарот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Примарна цел на современото војување ( во согласност со принципите на двомислата, таа цел е истовремено призната и непризната од раководните умови на Внатрешната партија ) е да се трошат производите на машината, а притоа да не се подобрува општиот животен стандард.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Повторно одам по сокаците и по плоштатките на Маказар, непризнат пророк или светец, како Франческо од Асизи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За мене тој беше непризнатиот дипломат на земјата која не постоеше, на земјата на животот на своите чеда, по чиј живот можеше да се трага, останувајќи верен на потрагата по него во сопствениот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)