непостоење ср.

непостоење (ср.)

4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зачекори во крај, во непостоење, во пресрет на два истрела и еден празен крцкот на веќе испразнетиот механизам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Малодушноста го разлокуваше; му се чинеше дека и самиот испарува со својата пот во едно непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Смрт, умирање. Враќање во своето првобитно непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Опишан круг на животниот пат. Круг - нула. Нула. Нула - непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За чубур крв смртта ќе штрека со голите заби нечуен акорд, за крв и за куп жили и за коски подземјето со татнеж ќе ја разгласи хероиката на непостоењето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сум ни во црна дупка во која времето заедно со просторот бидуваат сомлени во непостоење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа како длабоко од него да навираше тишината, задржувана, спротивставувана во него со нејзините два пола на постоењето и непостоењето, на крајот оформена во рапав, јасен глас, во крик што јасно ја расцепуваше надворешната тишина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова „благо“, речиси скриено додворување кон зборот е најбистрата проверка на сопствената мисла што поезијата ја очекувала да ѝ се јави како привидение во долгите затементи години на нејзиното непостоење, до појавувањето на македонската поезија во постоењето на другите поезии.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Девојчињата не можеа долго да разговараат со него: се чинеше како тој во устите да им дува непостоење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со воспоставувањето на тишината (како чисто отсуство, непостоење) се создава едно ново мерило на доживување на стварноста поради непостоењето на субјективни интервенции ( преференцијални системи, слободни избори).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа, неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш зошто се овие обиди со сите средства да се убедат луѓето во најпростата вистина – за најобичното непостоење на душата?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да се сетеле, сигурно би го раздробиле витражот на уште поситни парченца, до непостоење на боите, на ова останато живо око на некогашната катедрала, извор на далечната божја светлина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истражувањето нѐ потсетува дека сеприсутната реторика на ’глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите во современите геополитички конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
По дефиниција, лице без државјанство е она „кое не се смета 34 - конфликт на закони - трансфер на територија - закони за стапување во брак - административни практики - дискриминација - непостоење на регистрација при раѓање - одземање на државјанството од страна на државата - самоодрекување (кога лицето ја одбива заштитата од државата) - насилно раселување, особено кога е проследено со повторно исцртување на територијалните граници.39
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Немаш страв. Ти своето мислење за непостоењето на бесмртноста го кажуваш со таква рамнодушност, како да си потполно уверен во својата бесмртност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе