неоснован прид.

неоснован (прид.)

И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некаде помеѓу две неосновани паники ми ита часовникот – прерано се поклопуваат стрелките на срцето.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја одбие жалбата како неоснована и ќе ја потврди првостепената 116 пресуда кога ќе најде дека не постојат причини поради кои пресудата се побива, како ни причини на коишто внимава по службена должност (чл. 357, ЗПП). 6.  Измените на ЗОО од 2008 година воведоа значајни промени не само во терминологијата, туку и во начинот на пресметка на каматата, бидејќи престана да важи дотогашниот ЗВСЗК (1992) – в. чл. 73 – чл. 77 од ЗИД ЗОО/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со првата пресуда, од март 2003, првостепениот суд, кој ги распита странките, а сослуша и шестмина сведоци – го одби тужбеното барање на работниците како неосновано, по што тие благовремено, во април 2003, поднесоа жалба до Апелациониот суд Скопје, а во мај 2003 поднесоа и дополнение на жалбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судската постапка беше иницирана април и мај 2005, со две паралелни тужби против ЈП МЖ со кои Ристески, заедно со уште четворица негови колеги, бараше да се поништат,4 како незаконити, неосновани, необразложени и субјективно мотивирани: 1) Решението бр. 331/1 на Директорот на МЖ, од февруари 2005, со кое тој беше суспендиран т.е. отстранет од работното место5 со забранет пристап до донесувањето отказ поради кршење на работната дисциплина; 2) Одлуката бр. 02-463/1-1 на УО на МЖ, од март 2005, со која му се одбива приговорот и се потврдува првичното отказно решение; 3) Одлуката бр. 02-519/1 на УО, исто од март 2005, со која му престана работниот однос со отказ без отказен рок; 4) Одлуката бр. 02-931/1-4 на УО на МЖ, од мај 2005, со која му се одбива приговорот против претходнонаведената одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради неоснована клевета кај Французите, наводно дека се дружел со непријателите на Французите, тој е отпуштен од службата, дури и уапсен, но оставен да лежи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Учествувајќи во нејзината неоснована возбуда, О’Хара го проектира сопственото отсуство на сериозност, особено кога се суди според критериумите на хетеросексуалната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби се плашиме дека што и да откриеме би се искористило против нас. (Како што сигурно и ќе се искористи, па тие стравови и не се баш неосновани).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)