неосветлен (прид.)
При допуштањето да се доселија готови јужнословенските народности на Балканскиот Полуостров совршено неосветлено останува прашањето за границите меѓу Бугарите и Србите, особено прашањето со какво население беа населени средновековните: Морава, Кучево и Браничево, или, со други зборови, денешното Кралство Србија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Автомобилот појури по неосветлените уште улици на градот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во темнината се појави фенер. Вознемирени силуети се распрснаа и се притаија во неосветлените агли на каушот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Денот е при крај и брзо паѓа мракот во неосветлениот простор.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Влегоа во потполн мрак налик на оној во неосветлените улици во градот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)