неопасен (прид.)

Дури и кога не се гледаше како трето лице туку стоеше едноставен, незасегнат и наизглед мртов за сѐ па и за себеси односно, кога се посматраше себеси влезен во духот на една тивка, наивна и неопасна безличност, го обземаше истиот сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ти можеше да ги предложиш твоите пет опасни зборови, а потоа и јас моите пет неопасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најголем дел од овие зборови, опасни според Камилски, а неопасни според Татко требаше да минат низ балканвавилонското чистилиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да не се определуваме однапред за опасни турцизми? Сакаш да речеш: опасни и неопасни?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)