необјасниво (прил.)
Цане ја тресеше големата глава и се смееше; во тоа смеење имаше нешто чудно, повеќе необјасниво отколку навредливо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Да, ова побелено, безабо, испиено старче беше Ѓорѓи Прчев, големиот актер на повоениот македонски театар, необјасливо исчезнат од својата комфорна куќа на Водно, сега пред смрт во скромна католичка болница за сиромашни во далечната Индија.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Што повеќе го појаснуваат, дотолку станува необјасниво.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Почнуваше да се тресе, необјасниво. Ништо такво не му се имаше случено претходно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бидејќи бројката седум за него има некое необјасниво мистично значење, тој би сакал обемот на овој негов ракопис да изнесува седум авторски табаци. Барем не помалку.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не можев да разберам дали тоа беше поривот на индивидуалната амбиција или нешто длабоко, необјасниво во мене, сигурно предизвикано од надворешни агенси што ми ја обновуваше потребата од постојано докажување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во паузите меѓу ритмот, гласовите однадвор наликуваа на ѕвецкање прибор и чукнување чаши на тој ист конак на кој, изгледа, некогаш се наоѓав и каде што, заради зачмаеност, секој посилен звук можеше да предизвика необјасниво големо возбудување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И двајцата беа некако необјасниво фригидни на очигледните допири.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сфаќање на различноста и едноставноста, на конфузија на мислите, необјасниво обично. А сепак, така логично.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)