неканет (прид.)
Досега нашиот народ се интересуваше повеќе само за полна политичка автономија, а во националните наши интереси допушташе башибозучки да му се набркуваат разни неканети гости, како: Бугари, Грци и Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, комитетот во патријаршиските села и градови, и во делови од села и градови, беше неканет гостин.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Неканетиот со ширум отворени очи го проследи неговото движење и му ја зеде од раце испразнетата чаша.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мислејќи дека нивниот млад стопан ги поддржува, тие уште пожестоко се нафрлија кон неканетиот посетител што Бојан уште не можеше да го види.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ама, одгласот на некогашното заречување ќе му дојуреше како неканет гостин, ќе му сржеше: „Внимавај, не ти доликува тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како и во секоја темнина, се наоѓаа и неканети гости кои крадеа од највкусните вина за потоа да ги препродаваат на белосветските пазари.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Неканетата солза се слеа низ нејзиното лице. - Ти плачеш! - реагираше Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Горчливите сознанија и соочувањето со вистината идат апансас, како неканет гостин в зори.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)