незаштитен прид.

незаштитен (прид.)

Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите нему му се обрнаа како на воено лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Западнал така меѓу аскерот но без своја волја и распонот од Кукулино или од некое соседно село Констатнтин Цапар, вдовец со две деца, незаштитен да трча под фес и со предолга пушка кон топови алафранга и кон српски стрелци но со надеж дека ќе ги прерипа плитките ровови и ќе им се врати на Али Ризовите војници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Војводите пак го целивале и му рекле дека мајсторите можат веќе без него, тој нека собере сѐ што може да застане на нога, старо и младо, машко и женско, на незаштитените места на гратчето да се постават камени појаси за одбрана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И зошто ме фаќаш неподготвен, зошто ме гаѓаш незаштитен?“
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чувствувааше како беспомошна, незаштитена дивеч што претчувствува голема опасност...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете на пример, ближат празниците, па вака незаштитената шума е лесен плен за несовесни луѓе-нелуѓе, крадачи, арамии“ - возбудено брзаше да дорече Ивана „ да речам - разбојници - сечат елки, борлиња, дабови гранки и сето тоа го продаваат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бездетна како што беше, со чемер в душа, таа во несреќата со Бошко си го откри меракот да заштитува немоќни, мерак всушност по незаштитеност на дете, каков што таа немаше можност дотогаш да пројави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ме прави слаба и незаштитена. Ја разголува мојата вистина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)