недугав прид.

недугав (прид.)

Господе, си мислам, дали може без лек, така од ништо, да ми оздрават децата. И мислам како недугава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шетам јас , шета и таа со мене. Обете ко недугави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето ме гледаат како што се гледа недугав човек.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека траеше мерењето и се ставаа белезите на чаирот, папуџијата Јосиф стана старец од сто години, се згрбаве и ја истегна напред шијата како да граби воздух што му недостасува, ама да рече дека оваа работа му прави голем задоволство, или пак дека на овој несреќен ден можел да го доведе само ваков будала како зет му, е мисла само на недугави: татко ѝ на Тодора остана нем до крај, со откорнат јазик, и така ја пречека завршната работа како варен ошав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)