недонесен (прид.)
Уште недонесени ги распарувам од опашката кон главата: им ги туркам со палец цревата, им ги вадам меурите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Бај Рангеле, - рече тој уште недонесено виното - јас си одам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Токму онака како што се бираат лубениците, но сите ѝ изгледаа недозреани и недонесени. Ја влечеше непознатото, недопреното, негазеното.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)