недомаќински (прид.)
Верувајте ми, куќа што немаше да се врати од Грција со неколку огромни пакувања од кафе се сметаше за недомаќинска. Ете така.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Меѓутоа, во последните години пред угостителската дејност да биде потполно укината – поради, како што посочува Митревски, „недомаќинското работење“ на Центарот, се случуваат одредени негативни промени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Никако не можеше да прифати дека цвеќињата не го кријат селскиот двор, кој се гледаше уште од улицата – „само во недомаќинска куќа се сади трева.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)