недисциплина (ж.)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За мародерство и најмал белег на недисциплина, за обид да се земе парче леб од куќа на селанец, за недостаток на дури и на една порција за некој од борците се одеше под ѕид.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И тогаш се појавува недисциплината. И други работи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)