небрежен (прид.)
„Јас сметам дека за ваков небрежен однос кон нас се виновни Првото читање, Тетратките, Боичките, Моливот и Гумата. Таа е везден со нив!“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Беше ја отфрлила својата торбичка од сребрени алки споени како на панцир и превртуваше низ картите, расфрлувајќи ги, мешајќи ги, виткајќи ги небрежно. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 143
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Секогаш кога требаше беше со нас, но беше небрежно оставана тивко да чекори покрај нас во нашите забревтани животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Знаеш
откопувањето не е лесно. Просто не ти оди.
Од многу искуство си станала
неспретна, не небрежна:
сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беше фрлено небрежно, дури се чинеше презриво, во една од погорните прегради на кутичето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)