небаре прил.

небаре (прил.)

Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Го виде ли, Нешко, свекор ти? — ја боцна Бојана Неда, небаре ги читаше нејзините мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И веднаш ги фрли очите во Тода, небаре сакаше потврда на тој збор, а во себеси си помисли: „Дали не ќе ми се смеат чупињата ако го зема него дека беше армасан?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами коа била таа душа шо си а продала кошулата од грбот, да ѝ е арам? — праша Доста небарем не ѝ текнува откаде е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја зафрли капата назад за да може да гледа и стоеше надуен, небаре не е комите туку војвода.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А знаеш што му одговори мајка? – Откај да знам – небаре зачуден ѝ одговори Стојан. – Вака му одговори таа: Што има за Анѓа да мислиме?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во лутина и бес, зашеметен и навреден, Зоки небаре добива крила и се стрчува кон него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
16. ВОЛОТ ВРЖИ ГО ЗА РОГОВИ, А ЧОВЕКОТ ЗА ЈАЗИК - но вол ортомисан да скротиш и не е никаква беда, а човекот така врзан тебе јазикот ти го плази, небаре ти самиот, беда, во огледало да се гледаш...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Море ми, лели пусти свети Јовани беме, Толе, дали не му грешиме на господ ноќеска, — небарем се покаја Миша кога се осамна утрото и кога се виде дека лежи на Толевата десна рака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги домами војските до Становица над Жиово, скршна на југ, небарем се враќа назад кон Градешница и преку Врпско ја прејде Црна и кондиса во Гудјаково, мислејќи дека ќе се поодмори дури да го побара бимбашијата на оваа страна од реката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Слободно, слободно држете пушките и нишаните, небаре на в'ци!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сега, Чако лае и квичи, небаре да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш се чу едно засркнато кашлање: кав, кав, ќув, кив, уф, црквата се одѕива, се тресе. Се затресе и народот. Се залелеа небаре закланцана вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Испуштаат некои танки гласови, завлечени, небаре јарешко млекање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чизмите, Сотире, коланите, Сотире, брилјантинот, Сотире, јајцето, мајката твоја, е тврдо, а сум ти рекол да биде меко, и на човекот му дошло преку глава и му го попарил скутот со жешка вода небаре котлето му паднало од раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе