неандерталец (м.)
Се дешава, додуша, некад да се разбуди Неандерталецот у тебе и несакајќи да го зафучариш пикавецот у непознат правец.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Кога и во областа на размножувањето ќе се воведат Гледиштата на книжовните катедри Епруветата ќе го замени машкиот орган А среќните луѓе, кутрите Неандерталци, најпосле ќе се Ослободат од својата Ахилова пета - тестисите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)