најави св.

најави (св.)

Со усилбите на Русија тоа недоносче закрепна малку, но при првото осеќавање на своите сили најавува претензии за самостојна политика – извор на несреќи за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа цел се достигнуваше едно со најавување историски и други права и сообразувања, а друго и главно, со инакво поставување на прашањето за народноста на Македонските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не смееше да одговори, не сакаше со тоа да ги плаши волците, кои очигледно, со својот далечен виеж ја најавија ноќешната посета.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што и да работеше, дел од неговото внимание беше свртено кон звуците на планината, кон шумолењето на дождот, настојувајќи од тие звуци да издвои и некој поинаков звук, што ќе го најави доаѓањето на неговите од село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ене, завиваат, го најавуваат доаѓањето“, мислеше Бојан, не чувствувајќи како стравот цел го обзема, како му штракаат забите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секое нејавување, дезертерство, бегање - се казнува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, без најавување и резервација, не смее да се пристигне во Будимпешта, освен ако се оди на гости кај некој пријател.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја подотвора плашливо вратата и ме најавува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Заклучонаја28 Тимјановна! Ме најавува стражарот, спроводникот мој.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се крена и сонцето најавувајќи убав есенски ден.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се уплашија од претскажувањето на крајот на времето на козите, небаре најавен со ова проклето разденување. Молњата најави дожд.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Хичкок: „Занимливо е дека продуцентите, по многу премислување, одлучија Уцена да биде нем филм, освен последната ролна, бидејќи тогаш некои продукции се рекламираа најавувајќи „делумно звучен филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но сепак, неговото исчезнување го најавуваше почетокот на крајот на големото семејство со кое тој го мина спасоносниот Рубикон на егзилот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седнав на едно мало столче и некако се возбудив: двајца уметници, еден од една страна, а другиот од друга страна ме набљудуваа нападно, нешто цртаа без да ми најават што ќе прават.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се огласи секретарот Сретен Јаворов. Најави дека по своето воведно слово, збор ќе им даде на експертите, хидроинженерите, а на крајот и на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе