национализација (ж.)
Тие мораа да докажат и покажат дека социјализмот мора да успее, по фазата на насилната колективизација, национализацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Накратко, огорчувањето веќе не го предизвикува национализацијата на културата туку културата на Другиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Составот може да се измени (и бирократскиот и уметничкиот), но процесот на „национализација“ со сета сила продолжува понатаму, колку и вешто да е воден и какви и оправдувања да даваат неговите приврзаници поради нивната селективност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој не зеде никаков удел во матните работи кога се случуваа немилосрдните и користољубиви конфискации и национализации коишто одеа до бесмисленост, кога неговите колеги се вселуваа во куќите на богатите присвојувајќи ја покуќнината и сѐ што ќе стигнеа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)