натопен прид.

натопен (прид.)

Пред тој да замавне на мене со зелен нож, натопен во зелен отров, истрчав од собата но, заслепен од пламенот, не ги најдов басамаците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неподвижниот негов разум не воскреснуваше ништо друго освен неговото минато и тој се иправи и седна крај прозорецот на крцкавиот кревет натопен со семожни мириси на грев.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мозокот на зелено- бакрениот профил беше до срж натопен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Посува и поковчеста отколку што ја знаеше потсетуваше на стара и строга мома од литературата на деветнаесеттиот век и беше вистинско чудо зошто не креска кога говори туку има мек и по малку тажен глас натопен со збунетост. „Вистина е“, му рече. „Јован е на лекување.“ Отец Симеон се наведна гмечејќи ја допушената цигара со врвот на својот чевол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А Змејко го изнаоѓаше неговиот лик во секое катче, во секоја шега, сеќавајќи се просто како натопен во него, сигурно затоа што и целата таа зградичка беше натопена од здивот на оној старец Дука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога влезе ежот, до чизмата доскока кос со натопени крила.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сркаше бавно, со големи голтки, лижејќи го од време на време прстот натопен во чиничето со сол.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се погледнувам: панталоните ми се натопени со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои, испијанети, скокаа во езерото, излегуваа натопени и викаа: „Може ли да искиснеме повеќе од олку...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отец Иларион им даде калапчиња шеќер натопени во балсам.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Живиот за живиот немал почит, исламскиот полумесец стоел високо над крстот како гола сабја со крвави рабови, крстот бил натопен со отров.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Анет Гијомин, читателка, професор по историја Испишувајќи ја со фабулата на Времето на козите својата историја на балканските народи Луан Старова со сеќавањата од детството во Македонија ни испраќа топла порака за меѓусебно разбирање и толеранција која наликува на приказните од Илјада и една ноќ, а сепак шири несносна реа со натопената балканска почва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следното утро, рано, додека од роса натопените крилја силно се треселе, тој станал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе