настран (прид.)
- Не е така, бранам јас, само човекот е малку настранлив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Една од најголемите пречки за запознавање на шизофреничарот претставува неговата чиста недофатливост: настраност, бизарност, опскурност во сѐ негово што може да се забележи. За ова постојат многу причини.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој се одушевувал од сите настраности на светот а неговиот „кабинет на чуда“ набрзо станал славен во Европа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња
Ренесансата е изговор за еретиците
но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата
во нашата допуштена и официјална дијабола
нашата настраност и смисла за Анатема
можеби сме мали и смртни
можеби без престан се вртиме
околу себеси и Сонцето
а светот е некој непознат Infinito
но барем имаме сопствен пекол
и одбираме кого убиваме!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не плачи мајко што настран сум станал времето е модерно, времето е анал педер да бидеш ич не е срамота таквите најмногу ги примаат на работа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Таму беа секогаш на штрек да не бидат забележени од некој познат, но и од настраните воаери кои се појавуваа во мракот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа самото по себе е изведба на настраниот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поконкретно, требаше да обелоденат што тоа него го прави толку настран – и во смисла на хомосексуално и во смисла на нестандардно – без да произведат објаснување во јазичното руво на его- психологијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Има нешто во особениот звук на гласот што треба да се произведе и нешто во општествените значења што му се припишуваат на видот на гласот што треба да го постигне тој звук, што изгледа ги привлекува машките геј-исполнители – или го вади на виделина настраниот потенцијал на пејачот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)