насочи св.

насочи (св.)

Берлинскиот конгрес и особено Српско-бугарската војна (1885) само уште повеќе ја насочија Србија кон југ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште малку ќе посакаш од мене да ти поверувам дека го насочуваш на мене својот пиштол само за да спречиш, читајќи го ова писмо, да не си го расипам - апетитот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Па што мислиш ти! - раскажувачот го насочуваше мракот на своите очи кон правецот од каде што идеше прашањето и долната сува уста му се грчеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеше да биде каков сака, оној, можеше да биде и еден од оние, што крадат, требаше само да ја сврти пушката кон она ѕвере, да ја насочи кон неговите ребра, или нишанејќи во нив, барем да го закачеше во задниот колк, сандакон сега ќе ни беше полн така што ќе да ги викневме нагости дури и сите оние волци надвор, и пак да остане за нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш ја пронајде својата пушка и ја насочи кон мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко беше готов да излезе и да го земе утепаниот волк од под прозорецот, но уште веднаш, штом помисли на тоа, го виде како од зад првата сенка се подава и како почнува да лази кон неговата стреа прво еден друг, а само по еден миг шумата ја напуштаа ползешкум и се насочија право кон неговиот прозорец барем уште десетина такви долгнавести прилики со шилести муцки, безгласни и со подвиткани нозе под себе, многу слични на штуки, кога ќе се гледаат озгора во мочуриштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се вовлече во сламата, ја насочи цевката кон вратата и неспокојно ја чекаше жртвата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа пак свалка грутка и ја насочи кон изворот, кон дрвјата што беа над него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Излезе Сефедин вечерта по темница никој да не го види и според кажувањето на колџиите, ги насочи потерите по оние села каде што се врткаше Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кирков со иста страст ќе го насочи своето интересирање кон секој мотив со кој открива актуелност и значење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го запрашав какви се и против кого се насочени демонстрациите а тој, наместо одговор, зеде поцврсто да го држи воланот зашто сообраќајот толку многу се згусти што, кога се најдовме пред плоштадот на „Сен Лазар“, движењето стана речиси незамисливо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите негови сили се насочени кон тоа да ве изведе на широк пат и да ви даде насока кон вистинскиот, плодотворен живот...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пловидбата беше негова света задача. Го насочи бродот кон Југ. Југот ги плашеше морнарите. Оттаму бродовите не се враќаа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„И ти!“ со прст кон Љупчо насочи наставничката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некаков обратен демон на рамнодушноста, на инерцијата и на апатијата - блед отсјај на демонот на ентропијата, кој ги насочува нештата кон максималната можност и кон апсолутната рамнотежа. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 15
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, за таквите дела да можат да се намножат, потребно е и писателите и читателите да успеат навистина да се отворат кон бројните влијанија и погледот да го насочат над своето непосредно окружување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе