наследие (ср.)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
4. И, ете, наследија коњ. Немаше архангелски крилца ни мек круг светло околу ушите за да биде повеќе од она што е.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Способноста да бидат будни кога сите спијат ја наследија од своите татковци или самие за тоа беа обучувани во специјални училишта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја наследија трите мали грации.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)