население (ср.)
28. До тоа време со Софија излегуваа два весника со насловот “Автономија”: првиот како “орган на политичките интереси на христијанското население во Турција” (1898-1902), а вториот како “задграничен лист на Внатрешната македонско-одринска организација” (I -16.7.1903). Мисирков веројатно го има предвид вториов.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бугарската држава беше повеќе со словенско население, но со името на нејзините образувачи, т.е. монголските Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
26. Весникот “Право” (2.11.1894 – 13.3.1903) се печати во Софија, првин како “Орган на политичките и духовните интереси на бугарското население во Турција”, а завршува како “орган на македонско-одринските интереси”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но по својата содржина таа распределба на средствата за производство никако не е „општа“, туку приватна, т.е. сообразена со интересите на крупниот – и во прв ред најкрупниот, монополистичкиот – капитал, кој дејствува во условите во кои маса од населението живее гладувајќи, во кои целиот развиток на земјоделството безнадежно заостанува зад развитокот на индустријата, а во индустријата „тешката индустрија“ го собира данокот од сите други нејзини индустриски гранки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Во првата густината на населението е крајно мала, во втората – крајно голема; во првата политичката концентрација е голема, во втората – отсуствува.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Во обопштествувањето на капиталистичкото стопанство на банките почнуваат да им конкурираат штедилниците и поштенските установи, кои сѐ повеќе „децентрализирани“ т.е. зафаќаат во својот круг на влијание поголем број краишта, поголем број зафрлени места, пошироки кругови од населението.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Разбрале Турците кој го отепал Лумановиот татко и, сеќавајќи се што може да се случи, го чувале малиот сѐ додека тој не пораснал задоен со омраза кон македонското население.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тие беа одговор на Крушевскиот манифест, со кој востаниците му предвестија на бедното турско население: “...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сите извештаи што идеа, а тие идеа со помошта пак Толева, кажуваа дека аскерот систематски го претресува секое село, секоја куќа, та дури секоја смрека и грмушка по мегданот и прави неопишани зулуми над населението.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Отунаа во коси и бради, зовреа вошки во нечистотијата, а овие донесоа триста болести, та скоро половината население од селата изумре, а пустите куќи од ден на ден се умножуваа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Обете акумулации, со околу 260 милиони кубни метри вода, секоја секунда ќе даваат по 7.500 кубици вода за пиење, а тоа значи дека населението на Црноморието, кое брои 1 милион жители, ќе добива просечно на ден по 650 литри вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Населението од година в година се зголемува, а и потребите растат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но последениов направи сѐ за да го угуши гласот на населението.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наидувајќи само на безначајни оружени отпори од страна на месното население брзо напредува и во завојуваните краишта веднаш востановуваа своја, турска власт, која, пак во имотно-правна смисла, барем во првото време, ги чуваше крепостите на стариот државноправен систем.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сѐ до неговото загинување во бојот со влашката војска, во 1395 година, кај местото Ровина, Турците вршеа само повремени упади во Марковото вазално кралство, го ограбуваа и го одведуваа населението во ропство, но кога кралството остана сосема небрането, тие презедоа напад и врз него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во мај 1944 година Грчката комунистичка партија го расформира СНОФ (Словеномакедонски антифашистички сојуз) што предизвика голем револт кај македонското насление.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во ноември истата година се формира и СНОФ (Словеномакедонски ослободителен фронт) како засебна антифашистичка организација на македонското население од Леринско и Костурско.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Во нашите упатства за работа - рече Англичанецот - не ни е одредено да спроведуваме плебисцит меѓу населението...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нагласи дека манастирот отсекогаш бил словенско просветно и културно жариште; дека населението околу манастирот по вера се православни; дека прават целина со крајбрежјето на езерото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)