насамари (св.)
Ете, ако имаш милост да ме ислушаш да ти раскажам како нѐ насамарија, со итрина, не да речеш со јунаштина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Малер“, постојано велеше за себе, раскажувајќи им ги до детали, речиси со сласт, и најбаналните настани од кои тој излегол насамарен, излажан и поразен.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Зборувајќи така со мазен тон на човек кој насамарил некого, врагот мошне учтиво се поклони пред трговецот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)