напне св.

напне (св.)

Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Покрај Стојка Катин напнал гајда и Крчо Косов да посвири, да земе некое тврдо јајце, оти откако Ристе Попов му го скрши борецот тој веќе не најде друг да се занимава со тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука ќе дојде честељето со кафе и ракија, ќе напнат гајдите — сега две, една откај зетот што си ја водат сватовите, другата ќе ја најдат кај невестата ,и така ќе се заредат прво песни, потоа и ора, како на свадба!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влезе ѓаволот во попот и напна со сиот ум да го жени Крчето уште на петнаесет години дете и тоа — за која? — за Анѓа, од која сам избега пред три години оти беше недомаќинка, „расипана“, како што велеше тогаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во него израсна, се напна, безмилосно проби со писок прашање- зошто?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој си зеде на нишан по еден и - чекаше. Градите се напинаа до распукнување. Не може веќе да се издржи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега Калчо не можеше да ја сокрие наудредната радост што напна во него, зашто сѐ си тргна онака како што си беше предвидено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но глувчето си е глувче, ѓаволесто и вражесто: се растрча по клупата, го напна конецот и: фак! - рипна во градите на учителката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги напна мускулите на рацете, па лесно почна да се крева, допирајќи со устата до самата исчадена греда, да се спушта и одново да се крева, чувствувајќи тихо задоволство од ова себеизмачување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грдан напна на вратата и ја скрши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море напред, семката твоја“, свика војникот и го удри со кундакот, но Делин се изви, напна со сета сила и им се оттргна од рацете.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се напиња, се грчи невиното во крошните, како невидливите жилички на семенката дури ја пробиваат земјата за да излезат на виделина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Напни повеќе, вели Уља, а јас претам, ја удирам главата со тилот и Уља не ја гледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Напнаа на вратата и ја скршија. Кога погледнаа внатре, се стаписаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Диши сега вака, напни така... Ајде уште посилно!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе