наплаќа несв.

наплаќа (несв.)

Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Родољубието, младо момче не се наплаќа – беше одговорот Притоа неговиот поглед поминуваше некаде покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
8.  Извршителот за преземање на извршените дејствија наплаќа награда и надоместок на трошоците според: 1) цена за администрирање; 2) цена на извршните дејствија и 3) награда на извршителот за извршените дејствија (чл. 2, ИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тој начин, си го наплаќал долгот што македонската емиграција го оставала во неговата кафеана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Безобразна сум и правам дрски потези. Наплаќам заостанати долгови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Всушност, ѕвончето е звучен патоказ на главниот пат кон ѕвездите а за патарината се знае кој ја наплаќа, како што се знае кој има канџи и дека тие не му се за свирење клавир.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Природата нашла начин да им наплаќа за ѓубрето што го фрлаат каде што ќе стигнат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па се врти кон витрината и кратко се задржува барајќи ја во аптеката вистинската мешавина, а тие сите исти и, држејќи го в рака како да е „драгуљ“, го предава на болниот и неговата придружба наплаќајќи го како бесценет камен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)