наметлив прид.
наметливо прил.

наметлив (прид.)

Не можам да се оттргнам од наметливоста на Глигора.. .
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во осамената соба влезе животот наметлив и силен и зафати да го најавува своето присуство и своето право.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ми велат дека сум наметлив - му се жалам на мојот пријател.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Свеста за присуството на тој туѓ, наметлив елемент во него го удри со сета поразност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ем ништо не кажува, ем мисли дека кој знае што кажува и згора на тоа во крескавоста на нејзиниот глас има една таква наметливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се разбира, естетиката на антиреалистичниот филм на Гринавеј лесно му обезбедува начин да ја оправда наметливата употреба на историско-уметничките извори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во филмовите на американската авангарда имаме наметливо отфрлање и разбивање на сите закони врзани за комерцијалниот филм, не само во однос на естетиката, туку и во однос на чистата техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред сѐ отвореното, наметливо и дрско однесување на натрапничкава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сепак наметлив впечаток му направија нејзините подиспрчени усни, собрани така што ти се чини секој момент лакомо вовлекува во градите свеж воздух.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа она нејзино наметливо заблазнување заради некои божем неспорни љубовни односи помеѓу мајка ми и Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Борко бил постар и, уште, поенергичен и наметлив.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оние со кои сега се среќава се сите млади луѓе, некои скоро дечишта, гимназисти, безгрижни и наметливи, иронични спрема него дека не може да ја совлада слабоста да се прави важен, а тие го надминуваат и го оставаат назад во шаховската трка, претставници на една нова генерација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сигурно одамна има заклучено дека наметливиот пристап ги поттикнува сомненијата и кај најнедосетливите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, тогаш не му попуштив на специфичното и наметливо додворување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)