намерен (прид.)
Може Бугарите и се прави кога мислат оти Русија без Бугарија не може да саштествува, ни политички ни економски, но тоа е бугарска политика, а јас не сум намерен да политикантствувам бугарски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во денешен контекст таква идеја може да биде интересна, само како намерна ретроспекција на нешто што е веќе правено.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Некои цртежи од овој период содржат во себе намерна нападна незграпност, додека останатите се сиромашни и едноставни.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ова вовлекување што го прави Ренџов во овој ороводен танц на чиј почеток е тој самиот, а ние само го следиме зацртаниот од, шема, се сосема видливите и намерни вклучувања на севкупноста, на совршенството што постои некаде сосема надвор од дофатот на овој разигран збир.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
8. Против намерното уништување на германскиот јазик За негаување на скапоценото добро на нашиот народ Alfred Kerr
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ако воопшто имаше време да помисли на тоа, го вознемируваше фактот што секој збор што го изговара во говоропишувачот и секој потег на неговото пенкало беа намерна лага.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Триеше со раката по рабовите, постепено бришејќи со крпата, до шишето со виски што го крена и со намерна отсутност го врати на полицата зад шанкот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Понекогаш господинот Гроздановски правеше намерни грешки, смислени, со намера да го провери неговото поведение, па дури и да го збуни, но грифонот никогаш не пропушташе да ја поправи неговата грешка без оглед на тоа дали била намерна или не.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
За нив, според информациите со кои располагале, уште било дискутабилно прашањето дали во тој момент (средината на 1944 година) се појавила, во кој било вид, „намерна ‘комунизација’ на Балканот од страна на СССР“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Заборав наместо да се нуди, живот, исполнет ден и надеж, полн џеп со душа и душа полна, со деца кои безгрижно ги гледаш како раснат, а со нив и ти душевно раснеш, повторно и повторно, исти немири, намерни убивања, растргнувања, палења и поткусурувања, на идиоти без сива маса освен за пари црни.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тие, поучени од примерот на Бувар и Пекуше, сакаа вината, односно глупоста за намерното чистење на балканските јазици, најчесто од политички причини, да ја видат кај институциите на времето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Исходот, кој можеби не е секогаш намерен и посакуван, е експлозија на тој културен симболизам – поткопување на неговата моќ и на неговиот авторитет, нагризување на неговата тржествена угледност и подривање на неговата наводна разумност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)