намачкан (прид.)
Како претоварена гемија однегде доплови дебела девојка во црвен фустан, ги развлече намачканите усни и седна до него.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Големата болест тешко наоѓа прелез само во луѓето што јадат лук, вели, и во куќи намачкани со катран.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На масата поставено: чаша веќе истинато млеко, две парчиња леб намачкани со мармалад од кајсии.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
* Погледот намачкан со хоризонти, тишината ветена од ветерот. Врвот на планината изгорен (за да не го инфицира небото).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Се подадов на прозорецот и ја видов жената со кошаре в раце намачкано со пчелинок, вабејќи ги пчелите со тивка песна: „Маат, мааат, матице, душице, маааат, маат...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По едно време туку дојдоа да се преметкуваат и некакви турски пеливани, дополу голи и намачкани со масло, со кожени гаќи опшиени со сребрени врвци.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Излезе ибн Бајко надвор од храмот, измазнет и бел во образот, како од бербер да излегол, намачкан со ѓулсуи и тие други берберски марифети. Срцето му тупотеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога весело викаа: „Бабо, бабооо! Ајде, дај ми од она нашето.“ - А баба Ѓурѓа знаеше дека е тоа парче сомун намачкан со свинска маст и посолено со црвен пипер. Тоа беше нивната гозба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)