наизлезе св.

наизлезе (св.)

Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наизлегуваа на чистината, шест издолжени црнки, зашарија неспокојно по таа искричава белина, задушкаа во сите нејзини катчиња, одминувајќи лесно, како да се слизгаат по неа, а за сето време доаѓајќи сѐ поблиску до неговиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од секаде наизлегле бубачиња и сите бараат нешто некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај наизлегоа олку змии, си мислам, една турни, а десет се качуваат и те гнасат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наизлегол и по балконите, по прозорците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)