наздрави св.
наздравица ж.

наздрави (св.)

— Ајде за „седи со здравје“ домаќинке! — Ѝ наздрави на Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Насмеано му наздрави покажувајќи празна уста. „На здравје.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За Нова година, мила!... - ѝ наздравува тој мило, радосно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Убаво стори, војводо! Убаво! - пелтечи доктор Коста со малку стврднат јазик, го крева шишето што некој му го подава и којзнае по којпат наздравува, поздравува, се ракува, се бакнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кружат шишињата со ракија од рака до рака, паѓаат наздравувања, благослови, едно од друго поубави, помладите поздравуваат со сегашен јазик, а старците вадат од сеќавањата некакви стари зборови, па ги везат и ги редат во долги наздравувања, ракијата во шишињата се смалува, а расположението, расте.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пиеме, наздравуваме, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се испразни едниот бинлак со вино, Дејко донесе друг и започнаа сите почесто да си наздравуваат еден на друг; полковниците му наздравуваа на Дејко за убавите и вкусно приготвени риби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Каква била таа пречка што не му позволувала да наздрави добронамерно на гозбата на пријателството? Се чувствувал отфрлен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да го оставиме тоа настрана... - пак рече Французинот. - Да наздравиме за прекрасното вино...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пиеја, му молитвуваа на Китан да му се шири лозата, фамилијата, му наздравуваа на младоженецот Анко, му пожелуваа среќен и долговечен брак, и играа, виткаа оро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како што атмосферата стануваше сѐ повесела, газдата Вајс ја креваше чашата и му наздравуваше на персоналот, но поради слепилото, раката му одеше малку понастрана од масата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гајле ми е што мислат дека сум несериозен. Пак наздравувам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја крена чашата и наздрави при што сите станаа и со насмејано и весело лице ѝ отпоздравија: „Многу среќа и радост во Новата година!“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И ќе се наздравува со капинов сок во чаши: „Еден робот совладува Синовите наши!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше готов да наздрави. Јас не знаев за што. Иронично го погледнав.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„За што ќе наздравиме овој пат“? праша тој со истото навестување на потсмев во гласот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со чаша виски во раката, се приближи да наздрават.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Шампањско немаме, ама ќе си наздравиме со наше домашно вино“ - налеваше во чаши дедо Владимир.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе