наежи (св.)
И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И косата му се наежи од тоа што допрва ќе треба да го види.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се наежи. Гласот на отец Симеон биеше без прекин.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Диме се наежи. Забите почнаа да му чукаат а тој се мачеше да ги смири но не можеше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Водата блуткаво како пијавица се слизна во грлото и чувство на гаснење му ја наежи снагата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А во чекорењето снагата честопати знаеше и сама да му се згрчи и да се наежи на она место во ногата над десното колено, каде што беше најблизок големиот остар заб; тоа дури и кога бегаше од тоа да помисли го сеќаваше секогаш, на оној миг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Хм, нешто нѐ штрекнува во слабина, се наежуваме и наеднаш молневито и исплашено се ослободуваме од таквите мисли.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И уште така наеежен, коџабашијата се вџаши и ожолте како восок.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Сѐ под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! — му се испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пукна целиот побелувајќи и се чу страотен тресок. Косата ми се наежи. Вреснав.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И дури во тој миг на реверот од нејзината кошула здогледав прекрасен брош од кој ми се наежи кожата: црн, огромен пајак.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се наежував од помислата дека тоа е преобразена жена. Жена престорена во пес.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја помириса кожата и потоа ја испружи долната вилица со долгите, тенки заби, а влакната од брадата ме допреа по прстот и малку се наежив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ѝ беше страв повторно да не наиде на еден од „оние“, па се наежи од самата помисла.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Отвори очи. Целиот е наежен и испотен...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)