надојден прид.
надојде св.

надојден (прид.)

Да живеам и да стојам на ноќен дожд, да сум наведнат преку железната ограда на мостот, да сум со потопени очи во надојдените води.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или птица кружи Или замор надојдена дише.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Набргу, надојдената суводолица на виковите на човекот беше исцрпена, а од него тоа остана само уште еден зарипнат, испрекинат, тих говор: - Дај човече, донеси барем еден. Само да го имам. Само да биде...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А потокот беше ѓаволски надојден па водата нѐ лижеше до колена.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дождот не го ни забележуваа на себе, но му го слушаа шумот во лисјето секаде околу така што им се чинеше како да одат крај некоја надојдена река. Сепак тоа ги опијануваше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- А јас помислив дека сакате да ви ги отпишам долговите, вели Доксим Тренчески и се дуе во образите, ко предојдено тесто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За разлика од осветлениот град, реката беше матна, надојдена.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури му се чини дека го наслушнува нејзиниот кадифен глас, со надојдена длабост, како истура бесрамност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Шепите видливо му бабреа од надојдена крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Налик е на надојдено тесто готово за размесување. Во еден миг со очите си проговоривме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Работејќи на оваа проблематика ме „загрижи” помислата дека Marcel Duchamp сиве овие ненадејно надојдени имиња ќе го преплават светот не оставајќи ми простор за личен избор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така стигнуваа во градот: низ прозорецот - измиените улици прилегаа на надојдени, но веќе смирени води.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На одредени места го извишуваше тонот за да го надгласи шумот на надојдените бранови, кога патувавме на самиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Маркова Река беше надојдена од планинските води, откај Китка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Разбравме дека напролет во населбата Доброшане ќе спроведат акција за расчистување на коритото на Кумановската Река, откако таа самата ќе си го исфрли ѓубрето со надојдени пролетни води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги прошета дланките од слабините нагоре и изобилно ги наполни со нејзините чиниш секогаш надојдени дојки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе