надоместок (м.)
Јас сум првиот противник на тој грозен надоместок на информации за човековото искуство.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со други зборови, можеме ли да ги претвориме неговите текстови, а со нив и целата латиноамериканска литература, во изворен надоместок, ако ми се дозволи овој оксиморон?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Некако имам претчувство за надоместок од отсуство на татко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Оттогаш се откажа од барањето државна работа и ги засука ракавите како слободен уметник - сам во шупата што му ја отстапи стопанот без надоместок како ателје не можеше никому да му пречи со својот темперамент.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Не можам да воведувам нов вид плаќање за млади луѓе кои и онака едвај ги собираат месечните надоместоци за часовите. Знаеш и самата, криза е”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој се бранеше со изборот да се живее без избор и неговото значење, ниските надоместоци и експлоатирањето на работниците, ужасите на капитализмот, празните семејни ветувања за наследство кое себично се чуваше за да се осигура удобната старост и грижата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Второ, во 2000 година настанаа промени и во однос на користењето на правото на паричен надоместок во случајот кога невработеното лице на кое поради засновање на работен однос му престанало правото на паричен надоместок пред истекот на времето за кое имал право повторно ќе стане невработено.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа што таа мина низ измачување и длабока болка се исплатуваше само за ова што го доживеа во овој момент на надоместок.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И претходно работ- никот кој го прекинал работниот однос по своја волја или спогодбено немаше право на паричен надоместок (чл. 67, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со оваа измена беа воведени три нови скалила за одредување на бројот на месеци за кои ќе се исплаќа паричен надоместок, но целта и на оваа, како и на сите подоцнежни промени на овие одредби, беше да се намали времето за кое ќе се исплатува паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Вработените [во НВО секторот] имаат право на плата и надоместоци во согласност со закон и колективен договор – но, поради неспојливоста на функциите, тие не можат 120 да бидат членови на органот за надзор на организацијата (в. чл. 50, ст.5 и чл. 78, ст.2 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правичниот надоместок паѓа на товар на Судскиот буџет и се исплатува во рок од три месеца од денот на правосилноста на решението на Врховниот суд (чл. 36, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На пример, според чл. 36, ст.1, т.5 од ЗОП (2007), кај видовите привремени мерки за обезбедување на непарично побарување се вели дека може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување а, меѓу другото, особено: „плаќање на надоместок на плата на работникот за време на спор заради незаконитост на одлуката за престанување на работниот однос – ако е тоа неопходно за негова издршка и издршката на лицата кои, според законот, е должен да ги издржува“. 18. За целта на ова истражување особено е интересен Разделот IV [Извршување заради остварување непарично побарување], посебно Глава XXIII [„Враќање работник на работа“] – којашто е мошне скудна, бидејќи содржи само два члена (чл. 226 – чл. 227, ЗИ). 30 реинтеграција (в. подолу).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На сличен начин се регулира и статусот на невработено лице кое има над 15 години работен стаж на осигурување, а притоа прима паричен надоместок до своето вработување или до настапување на некои од основите за престанување на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Работничката ова право може да го користи во најмногу три дела, а доколку повторно забремени, не го губи правото на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство (чл. 2 од ЗИДЗРО/дек.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)