надигне св.

надигне (св.)

Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од нив настрвна и се надигна целиот океан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој не можеше, можеби не смееше да ги подигне очните капаци и да погледне во луѓето во салата. Се надигна од сите страни врева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Длабоко се надигнуваше незадоволство и презир кон себеси, кон луѓето во овој проклет град, кон оваа тесна и куса, но бескрајно мачна за поминување, улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се најде себеси, исправен, со пушката в раце, како со прстот в уста, доста подоцна, откако оној голем самјак се искри зад сртот, и сѐ што можеше да стори, беше да запали уште една од своите ретки цигари, а за сето време, додека повлекуваше од лутиот чад, во него се надигнуваше еден друг инает, кој за миг го смени она глупо чувство и го исполни до врвот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Геро го надигна бинлакот не со двете раце ами само со лактот од едната и не вкуси на јазикот туку подигна долга голтка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде на волшебно одгледување растенија гледаше во нив имаме ли иднина или не моите невени развија раскошно и сега ми се пред очи отворени како мугри ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато со твојата судбина, рече таа на мама ѝ се врати надежта и се насмеа за сите тато се разбуди од сон што не ни го раскажа и појде на извор јас не верував во ништо иако и денес се вознемирувам од помислата на неа барем ноќта да не ја испуштам денот изгледа не е доволен да се стигне на правото место реков и почувствував - имам работа со симболи од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен ако не се исплашам нема да запамтам што се случило стравот е време додека се думам во мракот - останало ли нешто од мене мрда под прстите надигнат и препороден.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одеднаш, небаре дури сега ги разбра последните зборови од кметскиот, тој се надигна и срже: - Господине, ти не можеш... вие немате право да ме арестувате... господине...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Како да се надигнеме? За еден ден не се изодува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)