наголеми св.

наголеми (св.)

- Кружокот треба да се наголеми со уште еден член.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Денот се наголеми и сонцето го раскваси, го подбра кон реката. Селото излезе, слезе во полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И еве го, наголеми и таа живинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак ги броев орлите. Беа веќе тринаесет и не се спуштаа кон нас, не се наголемуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добро е што не ме притисна малку повеќе па ќе морав и сонот да ѝ го кажувам во кој ја видов Пелагија а таа мене не ме виде, не само што ќе се прашуваше себе си гласно како можело да ти влезе во сонот и да не те види, туку и во неа ќе го наголемеше сомнежот околу тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)