набрекне св.

набрекне (св.)

На мазното чело, рамно над розовиот нос, му набрекна жила, дебел модар молив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со заби го гушев липањето на твоите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во таа постела, под тој чаршаф уште влажен од страст под кој ритмички набрекнувале и спласнувале две исчувани дојки, чувствував дека полека се разлева и мојата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вика и се вцрвува. Му набрекнуваат жилите, небаре гуштерици му скокаат. И оп, туп, ми се наднесува, ќе ме удри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во таа постела, под тој чаршаф уште влажен од страст по кој ритмички набрекнувале и спласнувале две исчувани дојки, чувствував дека полека се разлева и мојата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Осеќам како ми расте, ми набрекнува телото, од секаде ми се јавува, ми одговара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми набрекнаа градите, вели, ми се направија брадавиците...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тој ја чувствувал машката испотеност. Жилите му набрекнувале од копнеењето на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со неговите заби на нејзината брадавица и топлите усни околу неа, брадата и мустаќите што ја грепкаа по дојката која одеднаш ѝ се чинеше набрекната во неговата дланка, таа се заниша наназад, но тој ја задржа со другата рака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пупките ми набрекнаа од свежината на наглата разладеност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)