мушка несв.

мушка (несв.)

— Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето го мушкаа во ребрата, го тргаа за ракавите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно некој го видел како се мушка низ дворот, му го пронашол скривалиштето, деноноќно го демнел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа самата, макар колку да ги сакаше, зеде само едно циронче и долго го мушкаше повторувајќи неколку пати: - Баба нема заби цирони да јаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Со манастиров гореле и калуѓерите. Божи унер.“ „Гореле, не догореле. Сега се мушкаат околу нас.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се плашеле од подмолноста на треската што им се мушкала зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)