мушичка ж.

мушичка (ж.)

Јадрата рака ги граба мушичките и на дланката остануваат нивните смачкани тела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од темнината на отворениот прозорец извираат ситни мушички и пеперутки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Леба ми врапче подлетарче нѐ гледаше од црешнана, рече гробарот, тргнувајќи кон црешната, ене го, се скри меѓу лисјено, ене го колва мушички, рече, не запирајќи со одењето. ...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И со нас идат и комарци, муви и мушички, жужлиња и еленчиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го досегам врвот од цевките, мушицата, чкрапецот, кундакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам од кај се најдоа толку муви, мушички, комарци, којзнае што сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам натаму и менувам руски падежи, го кршам јазикот: пролетериј, пролетери-ја, пролетери-ју, над реката се точкаат разни мушички, пролетери-и, пролетери-ев, слегуваат облаци од пеперужина, пролетери-јам, пролетери-јах...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш, по многу векови и студ, заедно ќе се скаменат мушичката и смолата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Нежна мушичка, заробена од смолата што линее долж стеблото на борот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Врз ноздрите на добитокот тромаво паѓаа први мушички.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Клинциве летнаа како мушички. А ти ми велиш си бил водач на јуначишта.“ Тоа Џеронимо фрли лоши зборови по нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Фаерабенд тврди дека самата замисла дека „оваа еднодневна мушичка, човечкото суштество, ова мало парче ништо“ ја открива тајната на постоењето е „луда“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мамо, баба скокна низ прозор, јаде мушички и така натаму и така натаму.“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Реков: само еден мост. Го поминавме ли мостот, ќе ти се насадат љубителите на играчки како мушички на шербет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа парабола ме охрабри, оти сфатив дека чтението е работа опасна, речиси подвиг, дека е борба со ѓаволот-пајак на живот и смрт и дека најчесто самоуверениот се заплеткува како мушичка во словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откако излегов од циркусот, сфатив дека светот на Луција, на Партијата, на училиштето, на семејството, на нацијата, на државата е обичен провинциски неуреден двор; светот без циркусот изгледаше беден, смешен, нецелосен; произведуваше дробни грижи со кои ги плашеше бедните мушички заробени во неговата мрежа; тие мушички мислеа дека светот достига до оградите на тој мал двор, а не гледаа дека зад него има уште, и уште, и уште; во циркусот, по само неколку волшебни часови престој, сфатив дека светот е огромен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги снема веќе и мушичките и двокрилците што летаа дотогаш над нив. Само бунарот сега можеше да ни ја изгаси жедта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Треба да ја погодиш мушичката, - му објаснуваше Фоте, одбирајќи ги пред да ги закачи на јадицата. - Инаку нема да загризе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како по наврапито стишување на невремето, кога птиците во исто време ќе се разгракаат, па во радоста што го преживеале, ќе почнат со клуновите да се грабаат за една иста мушичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе