муренка (ж.)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На Пабло Неруда тагата навистина нема рок на траење: под белата муренка на црниот остров им ги пребројуваме брчките на морските далги и го одгатнуваме молчењето на ѕвездите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Од највисоката гранка на белата муренка црната птица уште еднаш ги пребројува мртвите тела кои пловат по маночо и живите рани обложени со вистински воздишки.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)