мравка (ж.)
НАЦА: (Влегува.) Сѐ сум исчистила, ни мравка трошичка не може да најде.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КЕВА: Ама што мравка не може да најде, тој ќе најде, црна Нацо! Што го нема уште Спиро?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Човекот е мравка, му рече Баждар и поудобно се намести во седиштето барајќи во џеб цигара.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Овие тројца во сѐ се угледуваа на пчелите и мравките, постојано учеа и си помагаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И уште кога учителот Милан Ацев кажа дека попчето што ќе излезе на сцената не е никој друг ами попов Крсте, неа мравки ја полазија по целото тело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
До самиот агол од училиштето мравките го изнесле своето житце од „амбарот" и го сушат на пролетното сонце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Низ напукнатите ѕидови навлегуваа густи редови мравки. Лазеа по собата и се движеа преку мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Шушкаво дишеше. По испотеното чело му лазеа влажни мравки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Разбравте за бегот во Царевдвор. Така ќе мине секој од вас, ако научам дека од денес на мравка да сте згазиле... Толку...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја слушаше повторно далечната тажаленка на волчото завивање во ноќта и во она, што го чувствуваше притоа, со некакви сосема ситни мравки на морниците по сета негова кожа, што се пронесуваше како лазење од секој близок лелек на гладот, тој го најде првиот допир со својот гостин.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа таа замина накај човекот. Замина, или за да отстапи, или пак за да остане сама, една здивена мршарка чие огромно тело уште одамна не биле во состојба да го држат сито ни дивите плодови, ни мравките, ни медот од шупливите дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Четврто: ја бркаше страшната колона мравки што се појави на скалите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Еден слон, од пршка помал, пред две мравки бега дома зад лист палмин да се скрие.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Да поиграме! - предложи една мравка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Ама тој е мрзлив! Тој цело лето свири, а не работи! - рече една стара, итра мравка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- А како ќе се веселиме? - праша друга мравка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И пилците ги разбирам, и бубалките, и мравките.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)