мошори несв.

мошори (несв.)

ПАНДЕ: Тогаш мошорело ама сега паѓаат (покажува со раката) олкави пластои.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А утринава кога станав што ќе видам, потемнето од сите страни и си мошори.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само си мошори расквасен снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натежнале облаците и само си мошорат едноличен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)