монисто ср.

монисто (ср.)

Пане пак е ситничар. Но и без тие ситни работи не може да се замисли свадба. Мониста, прстење, скопчиња за ќурдиите на зетот. Што не треба?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се прави нетопот (една тенеќија, издупчена и свиена како корона, наресена со разни пари и мониста) и невестата се променува во особена кошула која се вика „црнетата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѝ однесе прва китка испратена од Јована. Потоа огледалце, чешле, мониста.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главите на сојовите од Потковицата, речиси сите, заедно со Максима и со Костадина Дамчески уште од вечер отидоа на пазар во Прилеп, главно за да купуваат коприна, мониста, пулејки и друго што е потребно за везење и за украс на жените.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не го сторивме ни во Бјуик Осумката на мајка ти каде што бројаница се обвиткуваше околу ретровизорот како монистрена црна змија со сребрени канџи во форма на крст.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И еден постар човек во скршени години со побелена коса која му оди околу темето со ситни мониста кои ако ја заврти лево десно ќе се растурат во калта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Црни топченца - како јадро црно монисто - може ѓердан да нанижеш додека се меки, откако ќе се потсушат - игла не ги дупи!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Налик се на летечки сокровишта со менливоста на облакот во окото, со еден свет затворен во бисерни мониста, што брзаат да го занесат пред портите на сонот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Илузијата што ја скриви птицата веќе не постои Исчезна и опашот и жолтиот клун и монистата на песната На гранките ѕвездени гроздови Зборовите паѓаат врз белината Сѐ е стокмено како во градите на будилник Безброј лостови ја држат напнатоста Прстите шетаат по ‘рбетот на времето Но гласот на сестра ми го слушам додека се обидува да го смести својот насмев на лицето на една исплашена кукла.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во деновите што следуваа ползавците се раширија и почнаа да ползат по поширока површина, и други плодови како мониста се појавија на далеку расфрлените ластунки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го анализирам стаклото Што ме изделува од водата И знам дека и тоа ќе биде Задушен плач Од кој ми крвават табаните И црвени мониста се нижат Околу коренот на стеблото.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Се поднамести. Со лесни движења на дланките ја поправи долгата црна малина и врз неа нафрлениот шајак подрабен со црвени реси и мониста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се чини дека секој збор е бележан со сите младешки желби, копнежи, тагувања, пасакувања и болки и е извезан и украсен со коприна и мониста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)