момчок (м.)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Господи, се прашав, секогаш ли младоста на момчоците почнува на првиот пролетен ден?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пролет е и созреваат момчоците, сакав да викнам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)