моментен (прид.)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
„Па жалат ли се пари за ваков ќејф...“ - се тргна дајреџијата од моментното, предизвикано од постапката на докторот Петриќ, тешко чувство, му се насмевна на директорот и сам турна од масата една сребрена десетдинарка што беше падната пред него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Моментно заборавив дека се наоѓам в црква и, изморен, уживав занесен во мелодиите на Лист.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На снимка ни беше покажана и моментната состојба на Сонцето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Можеби тоа е моментен впечаток на обичен минувач, кој нема време подетално да завлезе во тајните на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како Султанот на Шехерезада, СНН ќе обезбеди оправдување на едно место да се собере разновидна збирка од анегдоти, факти, апокрифи, фикции, визуелни, музички и аудио фрагменти, непотполни проекти, недовршени филмови, моментни грижи и намери.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А што се однесува до нашата моментна тема - средбата со техниката, да разгледаме една илустрација за акустични феномени од книгата Musurgia Universalis од Кирхер.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Младешки неоптоварените уметници на групата „Мост” се служеле со чисти бои и линии што го следеле моментниот импулс.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Другите размислуваат за употреба на ‘интелигенцијата’ на компјутерот како интерна протеза: „Минијатурните плочки од силикон ќе ни овозможат моментно знаење на странски јазик или на теоријата на релативност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но тоа е само моментно чувство, зашто сѐ заглушува она негово срце што бие и шуми.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Песно, изгубен еден сон или одронет само во чудното невреме или во оној моментен мир омеѓен со ножевите на молњите носи дожд тоа суморно течење на денот кон нашиот осамен остров поплава една носи тој летен ветер што ја капе својата жолта грива од лисја во меката прашина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)