моме (ср.)

Ајде, ајде, моме Стојне, да бегаме! Аман, моме Стојне, да бегаме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Море моме, мало моме, Блазе си ти на душата Што си спиеш при мајка ти, При мајка ти, при татка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А јас, лудо, сум сиромав: Сам легнувам, сам станувам; На полноќ се разбудувам — Мало моме побарувам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Гробник еден!... за него личело да се забере и да пее под пенџере. (Николаќи повторно пее под прозорецот): Сечи, моме руса коса, Сплети скала да се качам, Да ти влезам, море’ море, в одајчето, В одајчето шарено.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
(Ја зема пред себе, ги клава рацете на рамењата нејзини и како науше пее): Си заљубив едно моме Од малечко до големо, Си го љубев долго време, Долго време три години.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да те видам каде везеш, Слатки песни каде пееш, Слатки песни, море моме, каде пееш Ем лично кај ми се смееш. (По завршувањето на песната).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Стојно - Стојанке, моме убаво, сношти го ние брат ти видовме, во Прилеп града борба водеше, борба водеше сос фашистите, сос фашистите, сос Германците.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ја слези, Малино моме, подолу, еј на подолното кладенче, набери китка босилек, подај ми да помирисам.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
А во далечината заглувнуваше песната: „Жали, моме, да жалиме...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од кујната одново почнува да се слуша пијаното пеење на Фезлиев: „Не плачи, мило моме, не жали, Јас пак ќе се вратам...“)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И секогаш ја почнуваше истата песна, единствена што ја знаеше: „Мори, пијан идам од града, Велико мори, Сретнав моме в ливада Сен ѓузел, Вецо, на коњ трева береше...“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дома, ли е батко ти Мирче, моме? — го праша Толе девојчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А пак момето од нашето соседство, божествената, русокоса Даница си ја замислував како моја кралица...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„На гости ти дојдов“, зад мене има војници, пеам „тебе не те најдов, Кито моме“, бегајте или фаќајте засолниште, „китка од градина“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оркестарот свири, а јас подрипнувам: еден, два, три, ,Елено моме, Елено", ми летаат нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И си тераме: дали полка, Елено моме, казачок или берјоска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мраморно Море,94 жед Ја држам в раце Убеден дека е Мојата Скришна Жед. таа Таа гори Јас горам Јас догорев Таа гори. повеј моме Мириса твоето тело Мириса моето тело Ех, каков повеј Од животот И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Врне дожд Од боските на момето Не му се радувам Само јас Туку И Морето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Всушност, од неа го научив орото „Елено моме“ да го играм.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе