молчи (несв.)
Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Важно е дека Византијците ја одбележуваат господствувачката народност, а за другите молчат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Фатија да ни земаат наши деца, да ги потурчуваат и да прават од нив јаничари. И тука молчевме.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
РАЈНА: Молчи, ќерко, молчи. Така господ рекол...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Туку јас да смислам нешто. (Кратко молчење.) А! Ми текна!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Затоа ти велам: на брегон, па кога ќе здогледаме некого што не е за кум, молчи зад дрвјето, а ќе наиде ли некој поимашлив, буп! детето пред него...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
РИСТАЌИ: Молчи си ти, не бери гајле, ќе ја свиткам јас неа.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Молчеше тој, молчење и Мече.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Беличот за цело време молчеше.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Да, таму – потврди светлокосиот и му даде знак да молчи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Господи и мајко негова, тој сега ќе ме поклопи со спуштените раменици! Молчев.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Молчевме, само што Петко понекогаш страшно се закашлуваше; од тоа очите му се полнеа со солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Молчи, питачу, го прекина Баждара мајка му на Димка. - Што си се развикал?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Седнаа едно до друго на шареното килимче од бабата Доста, втренчија очи едно во друго, и сѐ така молчејќи — се прегрнаа како сите младенци во првата ноќ. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нему му се смачи молчењето на деда Бошка и му свика: - Кажувај де: бидуваш или не?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Молчеа сите занесени во работата сѐ додека едно време Танас, синот на Бошка Манев и татко му на Мартина, не се исправи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Танас се замисли. - Што да ти речам! – присторе. – Ако ме слушаш, татко ти вели да си молчиш.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Не можам, вели. - А ти? Другиот молчи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Молчеа. Ранетиот и не се обидуваше да го следи нивниот шепот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)