молскавичен (прид.)
Токму да кажам дека греши, кога молскавичниот блесок во окото ме впива во себе.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во утринското сивило, куциот самовил, со извежбан, молскавичен удар на десницата, ќе му ја пресече главата на момчето- змија. Тревата ќе посини од крвта.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Славко молскавично се завртува кон Капетан Драган и испукува рафал радиоактивни врели лепешки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не, проблемот не е во вербата во некого или нешто, проблемот е во мојата заебана молскавична глава која никако да се прилагоди, никако да го прими блаженството што ѓ припаѓа според сите закони на природата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тогаш мачката молскавично ја крена предната шепа и силно ме изгреба долж целата рака.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ниту САД, ниту блиската Италија, за која се велеше дека дури и директно била вмешана во државниот удар. По дипломатскиот подвиг со молскавичното признавање на Тунис од страна на Југославија требаше да настанат помирни и попријатни денови во мојата мисија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Наеднаш ми проструи низ целата телесна мускулатура една морница која со молскавична брзина стигна до мозочните ќелии.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мислите молскавично ѝ поминуваа низ мозокот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Размостување на мостот од судири... Во зениците молскавично се гаси последната светилка...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)