молзница (ж.)
Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило осумстотини, илјада молзници; двајцата ќе бидат молзничари, а двајцата — јаловари.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бачилата одамна „излегоа" и ќаите се разортачија, замешувајќи ги молзниците и јаловињата во еден булук.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога виде татко ми каква корист имавме, тој ненадејно ги зголеми и така за неколку години имавме околу петсто молзници.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Е, веќе во куќата почна да ни оди добро. Ние имавме многу волови, оравме со два–три ѕевгари, коњи, овци имавме петсто, молзници едно чудо, имавме и двајца момоци за работа, наши братучеди од Цапари, а подоцна со нас дојде да живее и нивниот татко, тој беше болен и сакаше тука да умре, при децата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сега треба нови, а како може секоја година нови? Божем оваа држава е крава молзница!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Темнина... каде и да погледнеш, крвави молзници, ранети борци, небото со црна покривка... И што сега, Јане, Јанееее!! Довикуваа болните и ранетите...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)