молзе (несв.)
– „Ете јас бев, татко, тој штрк, што си седев на куќа; мајко мори, и ти Недо, знаете кога ги молзевте кравите и ме удри Велко со стапчето, оти си ги милував телињата?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
КОТЕ: Кажи, Панде. Кажи пак да си одиме, оти кравата не ни е молзена!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ДЕПА: (се нервира). Не е молзена ами како! Кажувај пак да бегаме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Овците почнуваа да ги молзат дури на пролет, а кравите во ова време, обично пред телење, немаа млеко, па сувиот леб обично се јадеше потпечен или издробен, па со малку масло, малку сирење низ него, се пржеше на огнот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Работиме, жнееме, молземе, сириме... Сеното го собравме, лето е па не знаеш што побргу да фатиш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Отиде да гледа како ги молзат овците и кравите, а кога ќе се врати ќе донесе котле млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- И видов еден овчар како молзи млеко во шлем од убиен војник.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги забришувам децата и пак молзам млеко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Чекај, каде? — Дојде време да стрижеме ежови и да молземе змии...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си ги гризат јазиците, палците, брадавиците. Се молзат, се цицаат, се глодаат...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заборавил кутриот Панделиј како се кове сабја и како се замавнува на туѓа глава, научил да молзе кози и да го згуснува млекото во сирење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Среќен, им припаѓаше на козите, поигруваше со нив, па ги молзеше, утрото ги подготвуваше за пасење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зарем Чанга сам молзи стотина кози или козите сами млекото го истураат во поточето?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Грците пратиле владици грци, лицем Светци – срцем влци кои млзеле до крв.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оваа држава ја молзи Европа кога сака и кога ќе ѝ текне.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)