многубоштво (ср.)
Со раната врамена во скинат опинок, со таа втора дамка што можела да ги врати кон многубоштво, тие знаеле дека старецот е мртов од птици до чело и верувале дека од изгниеноста под земја брзо ќе се вообличи издолжена подвижност, најпрвин пелтеста, потоа густа и стврдната, најпрвин човек-труп, потоа труп-земја, најпосле змија-отров за нечија несреќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Седумте смртни греови
суетата, многубоштвото, блудот
алчноста, слабоста, охолоста, злосторот
прераната смрт и поделбата
на раси и класи
крволочноста, разбаштинетоста
подземјето и теророт, сѐ
во име на народот и правдата
Платоне
поредокот е устроен од човек
за уметност е настроен, за појезис
за вешто строење жални и страшни собитија
митови и митарења
- што дека ечи заносно стремежот
по идеалното дело космичко
Божјо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)